Во автобуска несреќа на јуниорска хокеарска екипа во Канада 14 мртви

Автобус со кој се превезувале млади хокеари на канадска екипа доживеал сообраќајна несреќа во којашто најмалку 14 лица ги загубиле животите, пренесува канадската Кралска жандармерија.

Несреќата се случила во текот на ноќта кон саботата на една од трасите во провинцијата Саскачеван. Автобусот во кој се наоѓал играчите Хамболт Бронкос патувале на натпревар со Нипавин Хоукс, се судрил со камион на 30 километри од градот Тисдејл.

Според жандармеријата во автобусот имало вкупно 28 лица. Четиринаесет од нив загинале, а другите се повредени. Три лица се наоѓаат во критична состојба. Полицијата отворила истрага за тешката несреќа, но засега не излегува со соопштенија.

Канадскиот премиер Џастин Трудо изрази сочувство до семејствата на жртвите и настраданите. „Не можам да замислам низ што минуваат родителите, моето сите што настрадаа во оваа страшна трагедија“, напиша на Twitter.

Хокеарската федерација на Канада, исто така, изрази сочувство. А изрази на сочувство испратија и други национални спортски сојузи, меѓу кои и онаа на Русија.