Свет

Во автобуска несреќа во Индија загинаа 25 членови на оперска трупа

Во автобуска несреќа во Индија загинаа 25 членови на оперска трупа

Во автобусот се наоѓале околу 40 луѓе, меѓу кои и жени и деца. Несреќата се случила во индиската држава Одиша, кога возачот влегол во остра кривина и ја изгубил контролата над возилото.

Индиските медиуми јавуваат дека 11 лица се тешко повредени.

Пожарникарите и полицијата учестуваат во акцијата за спасување, но нивните напори ги отежнуват непроодниот терен, густата шума и лошата видливост.

Сообрааќајните несреќи со фатални последици се чести во Индија, каде според податоците на СЗО повеќе од 200.000 луѓе годишно ги губат живтите во инциденти на патиштата.