Во автомобил кај Смоквица најдени илегални мигранти

Осум илегални мигранти биле најдени во автомобил на автопатот кај Смоквица.

Како што информира МВР, вчера во 07,00 часот на автопатот Е-75 кај село Смоквица, полициските службеници му дале знак на засега непознатото лице кое управувало автомобил да застане со возилото, но истото продолжило со движење.

Кај клучката село Удово се упатил по стариот пат од село Давидово кон Демир капија, каде застанало со возилото и го напуштило истото упатувајќи се во непознат правец.

Од страна на полициски службеници во возилото биле затекнати осум лица од кои шест од Иран и две лица од Мароко. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.