Во автомобил шверцувал 12 мигранти од Пакистан

Засега непознат маж во БМВ шверцувал 12 мигранти од Пакистан. Возачот на автомобилот во кој се превезувале мигрантите и’ побегнал на полицијата.

Како што соопшти МВР, на автопатот Гевгелија-Демир Капија поточно на раскрсница с.Удово, вчера од страна на мешовит патролен тим од полициски службеници на граничниот премин Богородица и полициски службеници од Р.Хрватска, забележано било „БМВ“ со скопски регистерски ознаки.

При обид да биде сопрено, истото се дало во бегство и застанало после два километри, а возачот избегал од самото место.

Во возилото биле пронајдени 12 илегални мигранти од Пакистан. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС за ОН Валандово. Лицата се приведени во полициска станица за понатамошна постапка.