Балкан

Во Бар запленет кокаин вреден повеќе од 12,5 милиони евра

Во Бар запленет кокаин вреден повеќе од 12,5 милиони евра

Црногорските цариници на пристаништето во Бар заплениле 250 килограми кокаин, вреден повеќе од 12,5 милиони евра. Ова е најголемата количина на дрога која некогаш била запленета во Црна Гора.

Владан Јоковиќ, директорот на Царинската управа изјави дека кокаинот е пронајден при рутинска контрола на контејнер.

„Тие контејнери се од Еквадор и од Бар требале да стигнат во Албанија“, рече Јоковиќ.