Во Белата куќа пристигнало писмо што е можно да соддржи цијанид

Коверт што позитивно реагирал на првичните испитувања за присуство на цијанид пристигнал во Белата куќа, соопшти американската агенција „Тајна служба“.

Писмото е добиено во понеделникот, во центарот за контрола на кореспонденцијата надвор од територијата на Белата куќа. Првичните биолошки тестови биле негативни.

Дополнителните вчерашни тестови, меѓутоа, дале позитивен резултат. Мостра од писмото е испратена на анализа до друг објект.

„Тајната служба“ одговара за безбедноста на американскиот претседател Барак Обама.

Агенцијата информира дека истрагата продолжува и одбива да даде други коментари за случајот со сомнителното писмо.