Свет

Во Белгија стартуваше изборната кампања за изборите во ЕУ

Во Белгија стартуваше изборната кампања за изборите во ЕУ

На помалку од еден месец пред изборите во Еропската Унија кандидатите за председателската функција  во Европската Комисија  вчера  вечерта во Мастрих – Холандија, ги започнаа серијата дебати на кои ги соочуваа различните ставови за отворените прашања кои ги засегаат Европјаните .

Денеска попладне во интeрактивната програма  во отвореното студио во Европскиот Парламент поранешниот премиер на Луксембург, Жан -Клод Јункер од централно десничарската Европска народна партија, актуелниот претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц кандидат на социјалистите и демократите, германската  европратенiчка  Ска Келер , кандидатот од Либералната партија и  поранешент премиер на Белгија Гај Ферхофштад одговараа на прашањата кои  најмногу ги интересираат  европските граѓани како што се невработеноста, мобилноста, надворешната политика, енергетската безбедност и банкарската унија.

Централно-десничарската кандидат  Јункер , кој претседаваше со советот на  министрите за финансии во еврозоната  за време на кризата,  изненадувачки  истакна дека  тој немал проект на штедење, напротив дека ја застапува идејата за  стабилни јавни финансии  без кои не  постои економски раст .

Претседателот на Европскиот парламент  Шулц,  пак инсистира за кредитна програма која ќе им овозможи на компаниите да вработуваат млади луѓе , аргумент кој  беше дел и од програмата на германската  европратеничка од зелените  Ска Келер .

Сепак општиот заклучок е  дека поранешниот белгиски премиер Верхофштад ја погоди поента и предизвика најмногу внимание  со својата визија за иднината на Европа. Тој во неколку наврати изјави дека се залага за поинтегрирана Европа, во која подразбира помала регулација на единствениот пазар  но повеке заеднички политики.

Серијата од дебатите мегу кандидатите за прв човек на неформалната влада на Европската Унија продолжуваат во Фиренца на деветти мај.