Балкан

Во Белград конференција за иднината на ЕУ и за Западен Балкан

Во Белград конференција за иднината на ЕУ и за Западен Балкан

Меѓународната конференција „Европската унија и Западен Балкан 2015-2020 – шанси на партнерство и взаемни недоумици“ во организација на Институтот за јавна политика денеска ќе биде одржана во Белград.

Меѓу учесниците на конференцијата ќе биде и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо, како и европски политичари и дипломати, ректори и претставници на академската заедница од водечките универзитети во Србија, во Црна Гора и во Босна и Херцеговина.

На конференцијата ќе се обрати и пратеникот од Европскиот парламент и потпретседатлот на Европската народна партија Марио Давид.