Во Белград се урна хеликоптер кој превезувал болно бебе, нема преживеани (ВИДЕО)

Воен хеликоптер од типот „Ми-17“ кој пренесувал болно бебе се урна недалеку од аеродромот „Никола Тесла“„ на еден километар од автопатот крај главниот град Белград, соопшти српското министерство за одбрана.

Хеликоптерот бил ангажиран за спасување бебе од Нови Пазар.

Воениот хеликоптер долго кружел околу аеродромот во Белград безуспешно обидувајќи се да слета поради лошите временски услови.

По три часа кружење контролата на летањето околу 3 часот изутринава го изгубила контактот со посадата на леталото. Причините за падот се се уште непознати.

Според непотврдени  информации, сите седум лица кои се наоѓале во хеликоптерот, вклучително петдневното бебе настрадале во падот, пренесуваат српските медиуми.

Министерството за одбрана соопшти дека презема акција за трагање и спасување, пренесува агенцијата Бета и додава дека не се наведуваат причините за падот. Другите белградски медиуми јавуваат дека хеликоптерот ја загубил врската со контролната кула на Сурчин во 22,31 часот во петокот навечер.

h