Свет

Во Берлин уапсени тројца членови на Исламската држава

Во Берлин уапсени тројца членови на Исламската држава

Германската полиција вчеравечер уапси тројца мажи под сомнение дека имале блиски врски со терористичката организација Исламска Држава и дека планирале да патуваат на блискиот исток за да поминат воена обука, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Берлинската полиција за германските медуми потврди дека против тројца луѓе на возраст од 21, 31 и 45 години биле поднесени обвиненија за подготовка на „сериозни акти на насилна субверзија, но властите немаат индиции дека уапсените подготувувале терористички напади во Германија.

Според весникот Билд, тројцата осомничени кои имале интензивни контакти со ченови на ИД во Сирија и Ирак често ја посетувале џамијата во берлинската населба Моабит каде што одел и напаѓачот на божикниот панаѓур во Берлин тунижанинот Анис Амри кој со камион усмрти 12 лица.