Во Берово -11 степени, денеска сончево со мала до умерена облачност

берово

Во текот на ноќта и изутринава времето беше ведро и претежно тивко. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Температура ќе достигне до 8 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време, односно ќе преовладува умерено, наместа значително облачно со услови за изолирана појава на краткотраен слаб дожд, а на планините ќе има услови за провејување на слаб снег, соопшти УХМР.