Во БиХ 22 лица осудени за војување во Сирија и во Ирак

Вкупно 22 лица државјани на Босна и Херцеговина досега се правосилно осуден на затворски казни поради учествување во борби на страната на терористичките групи на боиштата во Сирија и во Ирак, објави во саботата Обвинителството на Би истакнувајќи го овој податок како потврда на решителноста на правосудството на оваа земја во процесуирањето на ваквите случаи.

„Досега немаше ниедна ослободителна пресуда во врска со кривични дела за незаконско учество на државјани на БиХ на странски боишта“, се истакнува во соопштението на Обвинителството на НиХ објавено откако државниот суд претходно седмицава ги потврди првостепените осудителни пресуди во траење од една до три години затвор за осум обвинети дека во 2013 и 2014 година во Сирија и во Ирак се бореле на страната на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава.

Идентификувањето и приведувањето на лицата коишто од БиХ заминуваат на сириските и ирачките боишта е спроведено во рамките на акцијата под кодно има „Дамаск“. Од државното обвинителство истакнуваат дека таа операција била координирана со партнерски и безбедносни агенции во регионот и со држави во други делови од светот, како и оти овозможила пронаоѓање и процесуирање на поголем број лица.

Меѓу нив се и многу лица кои се навреме откриени во текот на планирање да заминат во Сирија и во Ирак, па се уапсени во самата БиХ или во Турција.

Претседателот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, во петокот повторно истакна дека борбата против тероризмот е еден од најголемите предизвици пред властите на неговата земјата со кој тие успешно се справуваат.

„Важно е да се истакне дека во 2016 година не е забележано ниедно заминување од БиХ на странски боишта“, рече Звиздиќ кој покрај тоа инсистира на податокот дека досега во БиХ се вратиле вкупно 46 лица кои пред тоа престојувале во Сирија и во Ирак, и таму се поврзале со терористичките групи.

„Значи не станува збор за никакви илјадници лица кои претставуваат потенцијална опасност“, додаде Звиздиќ алудирајќи на претходните процени и стравувања колкави се размерите на терористичките закани на територијата на БиХ.