Во БиХ и по 20 години 7.200 лица живеат во колективни центри

Во БиХ и по 20 години 7.200 лица живеат во колективни центри

Во БиХ и по 20 години 7.200 лица живеат во колективни центри. Унијата за одржливо враќање и интеграција во Босна и Херцеговина одбележувањето на Меѓународниот ден за човекови права оваа година ќе го посвети на маргинализираните лица, првенствено на младите кои пораснале и основаат свои семејства во колективните прифатни центри, пренесува МИА.

Во БиХ на различни начини се одбележува Меѓународниот ден на човекови права, но Унијата веќе традиционално овој Ден го посветува на најзагрозените, чии права се кршат веќе 20 години, наспроти сите ветувања и загарантираните човекови права, се наведува во соопштението на Унијата.

Во БиХ и по 20 години 7.200 лица живеат во колективни центри
Во БиХ и по 20 години 7.200 лица живеат во колективни центри

Според истражувањата што ги спровела Унијата за одржливо враќање и интеграција, на територијата на БиХ постојат 121 колективни прифатни центри на 82 локации, во кои и 20 години по завршувањето на војната, се уште живеат 7.247 лица  или 2.611 домаќинства.

Денеска во Сараево Унијата ќе одржи прес-конференција на која јавноста ќе биде запозната со детали за условите за живот во споменатите центри.

Имено, за 7.247 лица кои живеат во колективните центри и кои не се во можност да ја раскажат својата судбина, Унијата сними документарен филм наречен „Луѓе без адреса“ во траење од седум минути, кој ќе им биде поделен на претставниците од медиумите, се наведува во соопштението на Унијата.