Во БиХ има помеѓу 3.000 и 5.000 потенцијални терористи

Во БиХ има меѓу 3.000 и 5.000 потенцијални терористи, и тоа се податоци со кои располагаат безбедносните и разузнавачки агенции во државата, пренесува МИА, повикувајќи се на „Независне новине“.

Експертот за безбедност Предраг Цераниќ потсетува дека пред неколку години директорот на Разузнавачко-безбедносната агенција на БиХ, Алмир Џуво потврдил дека тогаш во БиХ имало околу 3.000 потенцијални терористи.

– Веројатно таа цифра сега е многу поголема ако се земат предвид оние кои одат и се враќаат од сириските боишта, вели Цераниќ.

Тој додава дека суштината на борбата против тероризмот е превенција, што како што вели не е само работа на полицијата .