Во БиХ уапсени петмина кои планирале терористички напад

Босанската полиција уапсила петмина мажи, под сомнеж дека изработиле експлозивна направа со која сакале да извршат напад во една скандинсквска држава.

Четворица босански и еден шведски државјанин со арапско потекло, се товарат дека ја изработиле бомбата во Босна и Херцеговна по нарачка од една скандинавска држава.

Тројца од осомничените терористи биле уапсени на границата при обид за излез од БиХ, а останатите двајца се приведени во Сараево.

Во соопштението се наведува дека акција е спроведена во координација меѓу полициите на БиХ, Шведска и Холандија.

Босанската полиција во своето соопштение наведува дека бомбата била намената за извршување на терористички напад. Меѓутоа, шведската полиција ги негираше ваквите тврдења, нагласувајќи дека бомбата „не е поврзана со терористички, туку со криминални активности во јужна Шведска“.