Во БиХ убиен имам, ловџии мислеле дека е дивеч

Имамот од Томиславград, Адмир Вуковиќ, убиен е во вторникот во подрачјето на градот Завидовиќи во централна Босна, а полициската истрага утврдила дека тој е жртва на бизарна несреќа бидејќи го застрелале ловџии кои мислеле дека е дивеч.

Од министерството за внатрешни работи на Зеничко-добијската жупанија во средата било потврдно дека телото на 36-годишен маж со видливи прострелни рани го пронашла полицијата кај местото Стогови во вторникот вечерта околу 22 часот. Телото е пронајдено откако полицијата од амбулантата во Завидовиќи известиле дека примиле маж со повреди нанесени од огнено оружје.

Се покажало дека станува збор за 36-годишниот Месуд Крајниќ а тој во полицијата појаснил дека заедно со имамот Адмир Вуковиќ бил на лов, кога на нив запукале непознати лица.

Истражувајќи го инцидентот, полицијата утврдила дека врз Вуковиќ и неговиот зет Крајниќ пукале од друга група ловци кои се нашле во истата шума.

Утврден е идентитетот на тројцата мажи кои се осомничени дека учествувале во случајот и сите тројца се уапсени. Полицијата ги товари за кривично дел убиство и убиство во обид.

Дека е убиен имамот Вуковиќ за медиумите потврдил и Амер Југо, главниот имам во Томиславград, кој тесно соработувал со него изминатите осум години.

„Го сакаше ловот и редовно слободното време го исполнуваше со лов, а покрај тоа се занимаваше и со пчеларство. Беше голем работник, што може да се види и околу неговата куќа и во џамијата за која се грижеше“ изјави Југо кого го цитира порталот Klix.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.