Во БиХ утрово мирно, сите пожари изгасени

Во Сараево утрово е мирно, околу зградата на Кантонот Сараево и Претседателството на Босна и Херцеговина пожарникари и работници од градското претпријатие за хигиена ги санираат последиците од вчерашните протести.

Градскиот сообраќај утрово е во функција.

На зградата на Кантонот Сараево и Претседателството на БиХ е причинета голема штета при пожарот што во текот на протестите го запалија демонстрантите. Изгорени се и неколку возила, јавува новинска агенција Фен.

„Пожарот во главно е угасен, но се уште се интервенира во зградата. Причина за тоа е старата градба на зградата“, изјавил за Фен дежурниот диспечер на Противпожарната бригада на Кантонот Сараево.

Околу зградата се наоѓаат голем број противпожарни возила. Пожарот во зградата на Претседателството а БиХ, кој исто така беше мета на демонстрантите, е изгаснат. Реонот околу зградите на Кантонот Сараево и Претседателството на БиХ, местото на вчерашните протести, се заградени се жолта лента. Во болниците ширум БиХ примени се повеќе од 200 повредени граѓани и полицајци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.