Македонија

Во Битола комеморација за загинатите француски војници

Во Битола комеморација за загинатите француски војници

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски и државниот секретар за поранешни борци и историски настани, на Француската Република Жан-Марк Тодешини денеска ќе положат цвеќе на  Француските гробишта во Битола.

По комеморативната церемонија, во Музејот на Општина Битола ќе биде отворена изложба на фотографии од Фондот на браќата Манаки за Првата светска војна во Македонија.

По отворањето на изложбата, поранешното одбранбено аташе на Република Македонија во Франција, полковник Енвер Јакупи ќе биде одликуван со медал за национална  одбрана, златен ред.