Во БМВ натоварил 13 мигранти

Жител на скопско Блаце успеал во автомобил БМВ да натовари дури 13 мигранти.

Вчера во 13.40 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, кај тунелите Демир Капија, полициски службеници дале знак за запирање автомобил “БМВ“ со скопски регистарски ознаки, но на даден знак, возачот не застанал и продолжил со движењето.

Полициските службеници успеале да го пресретнат возилото во близина на с.Криволак.  Во возилото биле пронајдени 13 мигранти од Пакистан, а на околу 1.000 метри од возилото бил фатен и возачот А.Ф. (26) од село Блаце, скопско.

За настанот бил запознаен Јавен Обвинител, кој дал насока на македонскиот државјанин да му биде поднесе кривична пријава, а мигрантите да бидат сместени во Прифатен центар за странци.