Во бомбардирање на Ирбин загинаа 25 лица и четири деца

Најмалку 25 лица меѓу кои и четири деца загинаа кога сириската авијација во неколку наврати го бомбардираше Ирбин, источно од Дамаск.

Вчера биле ранети неколку десетици лица, а се очекува дека бројот на мртви ќе биде поголем бидејќи има тешко ранети, јави АФП.

Ирбин е под контрола на опозициските сили и се наоѓа во областа Источна Гута кој е главно упориште на бунтовниците.

Повеќе од 180 илјади лица загинаа во Сирија откако таму започна побуната против власта во март 2011 година.