Свет

Во бомбардирање на сирискиот град Рака загинаа 95 лица

Во бомбардирање на сирискиот град Рака загинаа 95 лица

Најмалку 95 луѓе, од кои повеќето цивили, загинаа во напади на сириската авијација врз градот Рака, бастион на групацијата Исламска држава.

Педесет и две од жртвите се цивили, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

Според други опозициски групации, во нападот се убиени и ранети вкупно 170 лица.

Во бомбардирањето на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад уништени се индустриска зона и пазар.