Во бомбашки напад во Багдад убиени 45 лица

Најмалку 45 лица загинаа вчера во бомбашки напади во Багдад и околината, додека владините сили продолжуваат да ги одбрануваат нападите кон ирачката престолнина од борците на „Исламска држава“.

Во шиитски квартови во западниот дел на Багдад три автомобили бомби усмртија 34 лица.

Во самоубиствен бомбашки напад со автомобил во Казимија загинаа 11 лица, вклучувајќи три полицајци, а 27 беа ранети.