Во бомбашки напади во Багдад загинаа најмалку 19 луѓе

Бројот на загинатите во денешните повеќекратни бомбашки напади во Багдад се искачи на 19, а повредени се 36 лица, соопштија ирачки претставици, објави МИА.

Најголема експлозија одекна во прометната улица во Хабиби, во багдадската Садр Сити. Таму загинаа најмалку девет лица, а повредени се 22.

Друга бомба експлодира на пазар во Тараби, при што загинаа шестмина, а повредени се 14 луѓе.

Претходно, полицијата соопшти дека во северозападен Багдад активирана е бомба во близина на разузнавачкото одделение на Министерството за внатрешни работи, при што загинаа четворица – маж, жена и двтете нивни деца.