Свет

Во бомбашки напади во Ирак загинаа 15 лица

Во бомбашки напади во Ирак загинаа 15 лица

Најмалку 15 луѓе загинаа денеска во серија бомбашки напади во Ирак, соопштија официјални извори, објави МИА.

Најсмртоносниот напад се случил во Тубачи, во трговскиот кварт во Багдад, каде во експлозиите на бомби загинаа четири лица, а 10 се ранети, соопшти полицијата.

Во друг дел на ирачката претстолнина, во бомбашки напад во близина на сервис за автомобили, загинале три лица, а осум се повредени. Во експлозија на бомба во близина на еден багдадски пазар загинале три луѓе, а единаесет се ранети.

Медицински извори ги потврдија податоците за жртвите.

Засега не е познато кој стои зад нападите.