Во бомбашки напади во Багдад 25 мртви, 70 повредени

Најмалку 25 лица загинаа денеска, а 70 се ранети во два одделни бомбашки напади во Багдад, соопшти ирачката полиција.

Цел на нападите биле воен пункт и деловниот дел на Багдад, пренесува Танјуг.

Нападите се случуваат во време кога ирачките сили се обидуваат да ги истераат екстремистите од Исламска држава од Фалуџа, нивното упориште западно од Багдад.

Во улица во деловниот дел на градот експлодираше автомобил полн со експлозив, усмртувајќи најмалку 15 лица, а 50 се повредени.

Во северно предградие на Багдад нападнат е воен конвој e  со автомобил-бомба, каде меѓу згинатите најмалку седуммина се полицајци. Во овој напад повредени се најмалку 20 лица.