Во борбите во Доњецк загинале 40 украински војници

Заменик-командантот на штабот на самопрогласената Доњецка народна република, Едуард Басурин денеска изјави дека четириесет припадници на украинските сили за безбедност загинале во борбите во Доњецк изминатите 24 часа, како и дека уништени се два тенка.

Според него меѓу бунтовниците има петмина загинати, додека меѓу цивилите животот го загубија пет лица, а 26 се ранети.

Продолжува гранатирањето на сите градски региони. – Зајакнати се нападите по целата линија на фронтот. Украинската војска продолжува да испраќа тенкови и оклопна техника, додаде Басурин.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.