Во борбите во Јемен загинале 549 лица

Службата за координирање на хуманитарни прашања при ОН соопшти дека од 19 март досега во борбите и насилствата во Јемен загинале 549 лица, од кои над 200 се цивили, пишува МИА.

– Според Светската здравствена организација (СЗО) во судирите во Јемен од 19 март досега се убиени 549 лица, а 1.707 се повредени. Меѓу нив има најмалку 217 загинати и 516 повредени цивили, од кои повеќето се жртви во бомбашките напади извршени врз двете џамии во Сана на 20 март – потврди службата на ОН.

Службата наведува и дека бројот на загинатите и повредените лица често пати може да биде погрешен, бидејќи „голем број луѓе немаат можност да добијат медицинска помош во болница, а семејствата сами ги погребуваат своите најблиски“ и не постојат информации за нивната смрт.