Во борбите во Украина е користена касетна муниција

Невладината организација Хјуман рајтс воч ги обвини властите во Киев и проруските сепаратисти дека користеле касетни бомби во источна Украина, објави МИА.

По истрага, организацијата собрала докази дека и двете страни во конфликтот во кој досега загинаа над 6.000 луѓе за 11 месеци, користеле такво оружје во јануари и февруари.

Притоа убиени се најмалку 13 цивили вклучително и две деца. Хјуман рајтс воч го повика Киев и сепаратистите да ја потпишат Конвенцијата за целосна забрана на касетни бомби.