четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 0

Во Бостон шестмина избодени со нож

Шест лица се избодени со нож и шишиња рано изутринава на улица во близина на кампусот на колеџот „Емерсон“ во Бостон, соопшти полицијата, а двајца напаѓачи се во бегство.

133357014

Поврзани вести

Бостонската полиција соопшти дека еден од повредените се наоѓа во критична состојба и веднаш е опериран.

Според претставникот на полицијата Бернард О’Рурк, идентификуван е еден од осомничените напаѓачи.

Весникот „Бостон Глоуб“ наведува дека двајцата напаѓачи се и понатаму во бегство, додека според портпарол на полицијата за едно од избодените лица постои сомнеж дека е напаѓач.

Полицијата интервенирала околу два часот и 15 минути по локално време, откако била пријавена тепачка, и наишла на избодени лица.

Во овој кварт од градот се наоѓаат голем број кафулиња и ноќни клубови.

Колеџот „Емерсон“ утрово испрати предупредување до учениците, повикувајќи ги да пријават „секаква сомнителна активност“.

Најчитани вести