Во Брисел ќе дискутираат за „руската поддршка“ на независноста на Каталонија

Шпанскиот министер за надворешни рабптио Алфонсо Дастис има намера да го покрене во понеделникот на средбата на челнциите на дипломатиите на земјите членки на Европската унија во Брисел прашањето за наводната руска поддршка на севеористочната шпанска покраина Каталонија преку социјалните мрежи.

„Ќе го покрена прашањето за мешањето, како се развивале дсзинформаци, манипулаци околу референдумот и последиците од настаните во Каталонија“, изјавил шефот на шпанската дипломатија Алфонс Дастис.

Тој тврди дека шпанската влада „докажала“ дека голем дел од интернет сообраќајот доаѓал од Русија и од други земји.

Даститс, исто така, ја коментирал и изјавата на основачот на разобличувачката организација WikiLeaks, Џулијан Асанж, во врска со настаните во Каталонија. Според министерот, многу знаци укажуваат дека „овој господин и другите“ се обидуваат „да му наштетета на демократскиот развој на регионот“.

Како што претходно изјави шефот на шпанската дипломатија, постојат „доволно докази“ за тоа дека „руските хакери“ се обидуваат да ја дестабилизираат ситуацијата во Шпанија и во Европската унија како целина. Докази за своите тврдења, сепак, Дастис не презентираше.

Последните седмици, што е вообичаена практика на Западот веќе кога тамошните земји ќе западнат во криза, некои шпански медиуми објавија серија текстови во коишто редица руски медиуми, меѓу кои меѓунaродните руски телевизија RT и новинска агенција Sputnik, се обвинети за необјективно известување за кризата во Каталониа и користење на своите акаунти на социјалните мрежи за создавање негативна слика за Шпанија.

Руската амбасада во Мадрид ги осуди тврдењата за наводното влијание на Москва врз ситуацијата во каталонија. Од Кремљ, пак, соопштија дека сметаат оти каталонската криза е исклучиво внатрешно прашања на Шпанија.

Во петокот тројца членови на шпанската влада изјавија дека мнозинсвото објави на социјалните мрежи со поддршка на каталонските автономисти се шират од територијата на Русија. Притоа, како што истакна министерката за одбрана, Марија Долорес де Коспедал, во владата немаат податоци дека руските власти имаат некаква врска со ваквите објави.