Во Брисел ќе се одбележи Денот на регионална соработка

Во Брисел в среда свечено ќе биде одбележан Денот на регионалната соработка на кој ќе присуствуваат политичари од Запден Балкан како и функционери од ЕУ и пратеници од ЕП.

Организатор на конференцијата е Советот за регионална соработка и Балканскиот фонд за демократија.

Конференцијата ќе ја отвори комесарот за соседска политика и преговори за проширувањем Јоханес Хан и премиерот на Албанија Еди Рама.

Учество најавија министри за надворешни работи од шест држави од регионот. Ќе биде претставен нов извештај Балкан Барометар, направен врз база на темелно истражување на јвното мислење во регионот. Во него се опфатени бројни прашања, од ставови на граѓани за државните институции и Европската унија до економски очекувања и односи со соседите.