Во бродска несреќа во Охотско Море загинаа 54 лица

Во бродска несреќа што се случи во Охотско Море, а во која настрадаа членови на екипажот на бродот „Далниј восток“, досега има 54 жртви, информира ТАСС, објави МИА.

Со непозната судбина засега остануваат 15 лица, кои, според една от

верзиите на настанот, се уште би можеле да се наоѓаат во просториите на потонатиот брод.

Во спасувачката акција во Охотско Море учествуваат приближно 1.500 лица. Во неа досега се донесени 32 парчиња техника, а во реонот работат 26 морски пловила.

Според последните податоци од речиси замрзнатата вода досега се извадени 117 лица, од кои 54 се мртви. Целиот екипаж бил со хидрокостуми, посочува регионалната служба на Министерството за вонредни ситуации.

Практично сите спасени лица имале хипотермија и доколку се покаже за потребно со хеликоптери ќе бидат префрлени во болниците.

Од 132-члениот екипаж на бродот околу половината или 78 се Руси. Останатите морнари се државјани на Мјанмар, Украина, Летонија и Вануту.

Потонувањето на бродот веројатно се должи на пробивање на трупот на бродот до кое дошло по судрир со санта мраз. Бродот не испратил сигнал за помош.

За несреќата е отворена кривично-судска постапка заради прекршување на безбедносните правила за движење и користење на морскиот транспорт, што довело до смрт од невнимателност на две или повеќе лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.