Во Будва приведени 20 Руси

Полицијата во Будва во петокот привела дваесет руски државјани, бидејќи во конвој од повеќе автомобили и со истакнати руски знамиња го одбележаа Денот на победата над фашизмот

Русите во конвој од девет автомобили, парвеле бучава со сирените и движејќи се низ Будва ги поздравувале минувачите, пишуваат подгоричките медиуми. На едно од возилата било напишано „На Берлин“ што алудира на походот на руската армија на главниот град на Германија во 1945.

Полицијата привела околу 20 руски државјани поради кршење н Законот за јавен ред и мир, односно истакнување на знамиња на друга држава на јавно место, навдува „Вијести“ и додава дека полицијата се уште го разгледува случајот и ќе се знае дали ќе поднесат прекршочни пријави против истите.

За истакнување на знамиња и симболи на друга држава на јавно место се изречуваат казни од 500 евра или затворска казна до месц дена.

Во Будва официјално живеат стотина Руси, а во текот на летото тој град го посетуваат илјада туристи од Русија.