среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 54

Во Бугарија откриен најстариот златен артефакт во светот

Накитот е откриен на местото на праисториска населба во јужниот дел на Бугарија и датира од меѓу 4.500-4.600 година пред новата ера

artefakt

Последни вести

Бугарските археолози откриле златна алка со пречник од четири милиметри, за кој тврдат дека е најстар во Европа и најверојатно и најстар златен артефакт досега пронајден некогаш во светот.

Накитот е откриен на местото на праисториска населба во јужниот дел на Бугарија и датира од меѓу 4.500-4.600 година пред новата ера, што значи дека е околу 200 години постар од накитот пронајден во некрополите од бакарниот период во бугарскиот град Варна на брегот на Црното Море, а кој се сметаше за најстар златен предмет и откриен во 1972 година, пренесува „Ројтерс“.

Тој верува дека златниот накит е направен на локацијата каде што е пронајден, малку понадвор од Пазарџик, и вели дека тоа била првата урбана населба во Европа, во која живеела заедница на високо развиена култура, која се преселила од Анадолија (денешна Турција) околу 6.000 година пред новата ера.

Златната алка е ископана пред две недели, а пронајдена е во остатоците на мала куќа од времето кога бакарот и челикот тукушто почнале да се користат. Досега се откопани помеѓу 10 до 12 хектари од споменатата населба, која има 2,8 метри висок ѕид.

Златната алка ќе биде изложена во Историскиот музеј во Пазарџик, откако целосно ќе биде испитана и ќе се потврди нејзината старост.

Најчитани вести