вторник, 6 декември 2016  |  Вести денес: 0

Во Бугарија запленети 13 милиони фалсификувани евра

Најголемиот дел од парите се пронајдени на дното на едно вештачко езеро, а оттаму ги извадиле нуркачи, пренесоа француските медиуми.

133235703

Последни вести

Бугарските власти заплениле рекордно количество од над 13 милиони евра во фалсификувани банкноти, соопшти денеска полицијата.

Најголемиот дел од парите се пронајдени на дното на едно вештачко езеро, а оттаму ги извадиле нуркачи, пренесоа француските медиуми.

Банкнотите биле во апоени од 500 евра, а биле сокриени во близина на една брана на југот од Бугарија.

Полицијата до нив дошла откако еден од фалсификаторите бил уапсен и признал каде се наоѓаат лажните пари, наведуваат француските меидуми.с

Најчитани вести