Во Бугарја уапсени 23 цариници и претприемачи

Двасет и тројца цариници и претприемачи се уапсени во голема антикорупциска акција на бугарско-грчкиот граничен премин Кулата, на југозападот од Бугарија, објави во средата тамошното обвинителство.

„Обвинителството истражува корупциска мрежа којашто започнала да дејствува од март 2015 година“, изјави за БНТ портпаролката на обвинителството, Румјана Аранудова.

Операцијата којашто започнала во вторникот попладнето го забавила суообраќајот на границата и се формирале две колони возила долги по 6 километри.

Полицијата во текот на акцијата извршила претреси на 83 станови на цариници и канцеларии на транспортни претпријатија во Кулата и во Софија, и запленила околи 32.00 евра во готови при од цариници, кои редовно земале помали суми пари, додаде Арнаудова.

Бугрското обвинителсво против дел од приведените подигнало обвиненија за учество во криминални активности, во прв ред земање мито за возилата неконтролирано да може да ја минуваат границата во двата правца.

Бугарските власти во изминатите години веќе изведоа неколку исти масовни операции на граничните премини во рамките на борбата против корупцијата, криумчарењето стоки и луѓе, како и фискално затајување.