Во Центарот за јавно здравје-Гевгелија регистирани 228 болни од грип

гевгелија

Епидемиологот Сашко Олумчев изјави дека според овој податок, Гевгелија е меѓу општините со најмалку заболени од грип и покрај тоа што од почетокот на годинава до денеска нивниот број е двојно зголемен споредено со изминатиот месец.

Од почетокот на сезоната на вирози и грип, во месец декември беа регистрирани само 75 заболени лица, а во изминативе десет дена од оваа година регистрирани се нови 153 болни од грип. Сепак тоа не значи дека заболувањето се шири, туку е резултат на инкубирани лица кај кои сега се манифестира болеста, нагласи Олумчев.

Тој додаде дека благодарение на студеното време и минусните температури, се очекува бројот на новозаболени да бележи многу мал пораст или пак да стагнира, од причина што и учениците се се уште на зимски распуст, а намален е и бројот на децата во градинките.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.