Во централно Мексико откриени 14 тела во сокриени гробници

Тела на 14 лица се откриени во неколку сокриени гробници во планинската област на централната мексиканска сојузна држава Чивава, соопштија во саботата локалните власти.

„Пронајдовме 14 тела, од кои 11 одговараат на мажи а три на жени“, изјавил за порталот Economista изјавил обвинителот на сојузната држава Франсиско Муриљо. Додал дека судејќи според состојбата некои од телата најверојатно биле неодамна закопани.

Порталот наведува дека телата се откриени во местото Валпараисо. Во оваа област последните два дена федералните власти изведувале операција за пронаоѓање и апсење на организирана криминална група.

Локалните власти претпоставуваат дека ликвидацијата и закопувањето е најверојатно поврзано со активностите поврзана со група која е одговорна за кражби, киднапирања и изнуди во Валпараисо.

Експерти на судската медицина продолжуваат да трагаат по други тела во истата област, пренесува порталот.