Крими хроника

Во четири сообраќајки во Скопје повредени четири лица

Во четири сообраќајки во Скопје повредени четири лица

На територија на градот Скопје во последните 24 часа се случиле четири сообраќајни несреќи во кои три лица се здобиле со лесни телесни повреди и едно лице со тешки телесни повреди.

Во една сообраќајна несреќа имало само материјална штета, две се со телесни повреди и една со тешки телесни повреди.

Четриесет возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 14 возачи се исклучени од сообраќај од кои 13 поради управување на возилото пред да стекнат такво право и еден возач почетник.

Поради истечена важност на сообраќајна дозвола е исклучено од сообраќај едно возило, едно возила е исклучено поради техничка неисправност и 15 нерегистрирани возила. Сто и дваесет возила биле непрописно паркирани, а пајакот подигнал 44 возила.