Во Чаир, претепан и ограбен доставувач на храна

Во скопски Чаир, синоќа бил претепан и ограбен доставувач на храна. Дваесет и четири годишниот И.Ц. од Скопје, синоќа во 22.56 часот во полициската станица „Бит Пазар“ од Скопје го пријавил инцидентот.

Според неговиот исказ во полицијата, истиот ден околу 21.30 часот на ул.„Џон Кенеди“ од страна на три непознати лица му било извршено разбојништво. Притоа му била одземена ташна во која имало фискален мобилен апарат, мобилен терминал за наплата преку платежни картички, мобилен телефон и 10.000 денари.

Лицата го извршиле разбојништвото на тој начин што додека оштетениот се обидувал да го стартува мопедот со кој разнесувал нарачки за јадење, му пришле и започнале со раце да го удират во пределот на главата, односно по заштитниот шлем кој му бил на глава, а потоа едно од лицата со тегнење му ја одзело ташната и со трчање го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.