Во чест на пролетта, Градот Скопје ќе сади рози

Во чест на доаѓањето на најубавото годишно време, Градот Скопје ќе засади рози.

Затоа, градот ги поканува сите граѓани  на почетокот на акцијата за засадување рози на јавните зелени површини „Македонија земја на цвеќето-Земја на розата“ што е закажана за во 12 часот, во зеленилото во близина на објектот на поштата во Ново Лисиче, на булеварот Видое Смилевски Бато.

Во акцијата за засадување рози ќе учествува градскиот татко, Коце Трајановски.