Во четири одвоени случаи откриени 24 илегални мигранти

Во четири одвоени случаи МВР поднесе кривични пријави против четири лица К.К. (66), Г.С. (29) двајцата грчки државјани, М.В. (34), српски државјанин и И.А. (39) од село Лојане заради постоење сомневање за сторено кривично дело – „криумчарење мигранти“. Откриени се 24 илегални мигранти, од кои деветмина од Сирија и 15 од Авганистан. На пријавените Судија од претходна постапка им изрече мерка притвор во траење од 30 дена (на К.К., М.В. i И.А.), односно во траење од осум дена (на Г.С.).

Како што соопштуваат од МВР, во првиот случај К.К. (66) од Катерини, Република Грција, на автопатот Куманово – граничен премин Табановце, поточно на м.в. клучка „НАТО“ во правец на село Лојане од страна на Мобилната екипа за прекуграничен криминал било сопрен со патничко моторно возило марка „BMW“ со грчка национална ознака управувано и сопственост на К.К. при што во возилото биле пронајдени тројца илегални мигранти, државјани на Р. Авганистан, без документи за идентификација.

Во вториот случај кај тунелите кај Демир Капија во правец Гевгелија-Скопје, при контрола на патничко моторно возило марка „Пежо 206“ со српски регистарски ознаки управувано од лицето М.В. (34) од Ниш-Р.Србија, во возилото се откриени  четири лица илегални мигранти од Сирија.

Во третиот случај кај наплатната рампа кај Градско, во правец Гевгелија-Скопје, при контрола на патничко моторно возило марка „Голф“ со грчки регистарски ознаки управувано од лицето Г.С. (29) од Солун Р. Грција, во возилото се откриени пет лица илегални мигранти сите од Сирија.

И во чевртиот случај на влез во с.Речица – Куманово, при контрола на патничко моторно возило „Фолксваген Шаран“ со кумановски регистарски таблички управувано од И.А. (39) од с.Лојане, откриени се 12 лица мигранти од Авганистан.