Во Цирих уапсени функционери на ФИФА

Швајцарската полиција уапсила неколку функционери на ФИФА поради обвинение за перење пари, рекетирање и корупција, јавува Би-Би-Си.

Од друга страна, агенцијата АП наведува дека се уапсени шест лица. Се уште не е познато, ниту е официјално потврдено кои функционери на ФИФА се уапсени.

Како што пренесува Би-Би-Си, акцијата за апсење на овие лица, полицијата ја спровела утринава во Цирих, а обвинението се состои за перење пари, рекетирање и измами во текот на последните 20 години.

Инаку, членовите на ФИФА се собираат во Цирих поради нивниот годишен состанок кој треба да се одржи во петок.

На тој состанок сегашниот претседател Сеп Блатер треба да побара петти мандат.