Македонија

Во цивилизирани држави криминалот е криминал, да снимаш некого неовластено е токму тоа

Во цивилизирани држави криминалот е криминал, да снимаш некого неовластено е токму тоа

Има куп буцкачи кои вршат притисок Зоран Заев да ги објави прислушуваните материјали. Ајде што со тоа и самите поттикнуваат друг да изврши кривично дело, ама најсмешни во тоа се оние кои велат дека станувало збор за слобода на говор. Значи, имаме материјали за кои МВР, а и самиот премиер на државата, вели дека се од странска држава. Не е спорно дека тоа може да е точно и веројатно во судската постапка ќе се види. Бидејќи не постои начин странска држава да прислушува граѓани на РМ на законски начин, тогаш е јасно дека всушност, станува збор за материјали добиени од друга страна на законот. Со криминал. Колку може да се верува тогаш на нешто што е добиено на таков начин?, вели во својата колумна уредникот на Дневник, Дарко Јаневски.

Тој пишува дека според ова постојат материјали кои се добиени со кривично дело, но чија вистинитост, како што вели, виси во воздухот.

-Тие материјали му се дадени на приватно лице. И тоа било слобода на говор. Османлиите имале еден збор за ваквите: абдали. Другата теза е дека всушност се работело за прислушување извршено од нашата служба. Оваа идја е уште подобра. Значи Јанкулоска и Мијалков го прислушувале Груевски и снимале матријал, кој, како што велеше Заев, кога ќе се објави, за три дена ќе предизвика заминување на оваа Влада. Со тоа заминување и на самите Јанкулоска и Мијалков. Значи, овие снимале материјал со кој самите ќе паднат. Не, само тоа, туку и оставиле трага и потоа дозволиле тој да излезе во МВР. Аферим на логиката, пишува Јаневски.

Тој прашува што ако некакви снимки за Самарас до Ципрас доставеше македонската служба.

-И покрај тоа, уште снимки за илјадници Грци. Замислете го Ципрас како му вели на Самарас дека треба да формираат техничка влада и да се распишат нови избори. Баш ме интересира како тогаш би гласело соопштението, на пример на германското МНР. И што мислите, како тогаш ќе реагираат грчките граѓани и грчките новинари на фактот дека Јанкулоска и Мијалков им влегле дома. Дека Јанкулоска и Мијалков преку Ципрас ја уценуваат нивната влада и им се закануваат на грчките граѓани? Слобода на говор?, вели уредникот на Дневник во својата колумна.

Јаневски пишува дека тоа е ситуација кога грчкиот ЈО ќе ги остави материјалите во рацете а Ципрас, а овој ќе закаже состанок на СИРИЗА за да одлучат дали ќе ги објават. Бидејќи, пишува Јаневски, според македонската логика промовирана од Шилегов, а нели и дел од Грците се Македонци, статутот на партијата е побитен од законите на државата.

-Или поверојатно е дека во таква ситуација на Беас куле во Солун ќе ги закачат и Ципрас и СИРИЗА заедно со материјалите, а на чело ќе им ги залепат сите можни устави во светот на кои пишува за слободата на говорот. Зашто во цивилизирани држави криминалот е криминал. А да снимаш некого неовластено е токму тоа, додава Јаневски во колумната насловена „Шутраци“.