Во Црна Гора казна затвор до 10 години за учество во странски војни

Црногорскиот парламент синоќа усвои уставни амандмани според кои до 10 години затвор може да добијат граѓаните на Црна Гора, кои учествуваат во воени дејствија во стренство или кои организираат заминување на платеници за учество во воени активности во странство, објави МИА.

Казна од две до 10 години затвор е предвидена за членови на воени или паравоени формации во странство, како и за оние што врбуваат, подготвуваат, финансираат или помагаат заминување од Црна Гора во борби во странство.

Слично законодавство меѓу земјите од поранешна Југославија веќе усвои Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, како и Косово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.