Балкан

Во Црна Гора уапсена група меѓународни шверцери со оружје

Во Црна Гора уапсена група меѓународни шверцери со оружје

Полицијата во Црна Гора потврди дека уапсила група меѓународни шверцери на оружје. САД трагаше по членови на оваа група, за која се верува дека имала намера да шверцува оружје за терористичката организација „Рволуционерна армија на Колумбија“ (ФАРК).

Шефот на Интерпол Подгорица Дејан Ѓуровиќ соопшти на прес конференција во Подгорица дека по потерница издадена во САД биле уапсени Кристијан Винтила (44), Масимо Романјоли (43) и Вирџил Флавију Герргески (42) , кои се сомничат за меѓународен шверц на оружје.

Двајцата од нив се романски државјани, а еден е државјанин на Италија. Судот во Њујорк ги сомничи дека формирале меѓународна криминална организација чија цел била продажба на „голема количина оружје“ на терористичката организација „Револуционерна организација на Колумбија“ попозната како ФАРК.

Тие се теретат дека се „обиделе да продадат воено оружје“, пиштоли, ракетни фрлачи, митралези, противавионски топови, на лица за кои се верува дека се поврзани со терористичката група.

Ѓуровиќ соопштил дека апсењето следело по подолга акција на американската Агенција за борба против дрога (DEA), полицијата на Црна Гора и Романија.

Уапсените се наоѓаат во притвор во Црна Гора и се спроведуваат активности за нивна екстрадиција во САД.