Во Данска украдено шише вотка вредно 1,3 милиони долари

Шише вотка, коешто е проценето на 1,3 милиони американски долари, е украденово во данската престолнина Копехаген, објави данската полиција.

Реткиот примерок на шишето со вотката на компанијата Русо-Балт (или Russo-Baltique), чини 1,3 милиони долари, изјавил нејзиниот сопственик Брајан Енгберг, истовремено и сопственик на колекција од 1.200 шишиња со алкохолни пијалаци.

Енгберг објави фотографија од шишето, велејќи дека надзорните камери снимиле момче со бејзбол капа и прекриено лице како со украдениот пијалак утрото на 2-ри јануари го напушта неговиот бар „Cafe 33“ во квартот Вестербро во Копенхаген.

„Шишето го добив од Русија, попрецизно од фабриката Dartz којa ги изработува најскапите автомобили на светот. Во мојата збирка е само шест месеци“, изјави сопственикот за телевизискиот канала TV-2 Lorry.

Појасни дека скапото шише е изработено од три килограма злато и три килограма сребро, како и дека не било осигурено. Затката ја шишето е направена од инкрустација од бело и жолто злато со дијаманти и претставува реплика на рускиот царски орел, а самото шише е изработено од 30 милиметри дебело стакло, отпорно на куршуми, а е обложено со кожа од автомобил кој учествувал во релито во Монте Карло во 1912 година.

Ова шише неодамна ѝ стана познато на пошироката светска јавност, кога се појави во една од сцените на популарната американска телевизиска серија „Куќа од карти“. Станува збор за една од епизодите од третата сезона на серијата. Во неа данскиот актер Ларс Миккелсен, кој го толкува рускиот претседател, скапото шише му го подарува на американскиот претседател кого во серијата го игра Кевин Спејси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.