Во Дебар децата ја продолжуваат традицијата на суројчари

Традицијата на деца-суројчари на празникот Свети Василиј Велики, која е присутна кај православните верници во Дебарско, продолжува и понатаму.

Групите на деца се далеку помалубројни од некогаш, а денеска ја продолжи традицијата само една група составена од повеќе деца. Тие ги посетија православните домови и на домаќините им посакаа среќа и бериќетна година.

Децата во рака држат суројца во форма на крст или китка, составена од страк од лозница, гранчиња од леска, дрен, даб и босилек заврзани со црвен конец. Откако домаќините ќе ја отворат вратата тие ги „удираат“ по глава и пеат „Сура, сура година, до година повесели“, по што се дарувани пред се со пари, но и со благо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.