Во Дебреште пронајдена граната од Првата светска војна

граната

Случајот го пријавил Р.Ш. (46) во Полициското одделение Ропотово. Рекол дека гранатате е пронајдена при ископ на земјиште за градба на верски објект, наспроти ОУ„Вера Циривири-Трена“.

Полициските службеници го обезбедиле местото и ја известиле екипата од Дирекцијата за заштита и спасување која безбедно ја подигнала гранатата.