Во дербито Манчестер Сити подобар од Челзи

Фудбалерите на Манчестер Сити со минимални 1:0 (0:0) со гостинската победа над Челзи на неговиот „Стамфорд Бриџ“ се изедначија со градскиот ривал Јунајтед на врвот од првенствената табела, по седумте одиграни кола.

Во натпреварот во кој менаџерот на Челзи, Антонио Конте, се определи на игра да неговиот тим да остане непоразен пред двонеделната пауза поради квалификациските репрезенатативни обврски на играчите, единствениот гол на мечот го постигна Кевин Де Брујне со одличен удар од дваесетина метри во 67 минута. Потоа, и покрај поотворената варијанта на „сините“ не успеаја да дојдат до изедначување без да создадат вистинска шанса, додека манчестерските граѓани како и во текот на целиот меч не реализираа ниеден од опасните контранапади.

Манчестер Јунајтед претходно во саботата постигна сигурна победа од 4:0 (2:0) над последнопласираниот Кристал Палас на својот „Олд Трафорд“. Јунајтед поведе веќе во третата минута со голот на Хуан Мата, а до полувремето Фелаини во 35 минута со својот прв гол практично го реши победникот. Фелаини на почетокот од второто полувреме во 48 минута уште еднаш се запиша меѓу стрелците, а Лукаку во 86 минута настави со серијата голови во секое првенствено коло од почетокот на сезоната.

Кристал Палас, така, го забележа и седмиот пораз во седумте кола и е закотвен на последното место од Премиер лигата.

Тотенхем со 4:0 (3:0) го декласираше пред неговите навивачи новајлијата во лигата Хадерсфилдд Таун. Победникот беше познат по 20-ина минути, бидејќи гостите со двата гола на Кин, во 20 и 24 минута и на Дејвис во 16 минута веќе водеа со 3:0. Конечниот резултат го постави Сисико во првата минута од судиското продолжение.

Тешка но важна победа од 1:0 (0:0) оствари Вест Хем Јунајтед против Свонси Сити. Голот кој го однесе Вест Хем на 15-то место, погоре од местата кои водат во понизок ранг го постигна Сако во 89 минута, а Свонси остана на само пет бодови.

Борнумт и Лестер Сити одиграа без голови. Борнмут остана претпоследен 19-ти со 4 бодови, додека Лестер е две места погоре со бод повеќе.

Стоук Сити со 2:1 го совлада Саутемптон. Стрелци беа Бирам Диуф во 40 и Крауч во 85 минута, додека гостите израмнија во 75 минута преку Јошида. Саутемптон остана на 12 место со 8 бодови, додека Стоук Сити сега бодовно се изедначи со него и е место подолу.

Вест Бромвич Албион и Ватфорд одиграа без победник 2:2. Домашните имаа сигурно водство со головите на Рондон во 18 и Еванс во 21 минута, но гостите преку Дакури во 37 и во петтата минута од судиското продолжение прелки Ричарлисон дојдоа до бод. ВБА е на 10-то место со 9 бодови, а Ватфорд е најпријатното изненадување на сезоната и е на високото 5-то место со 12 бодови.

Во недела играат Арсенал – Брајтон анд Хоув Албион, Евертон – Барнли, Нукасл Јунајтед – Ливерпул.

Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се на чело од табелата со 19 бодови, пет повеќе од третиот Тотенхем Хоутспур, додека актуелниот шампион Челзи е четврти со 13 бодови.